Услови и правила на користење

Општи услови и правила на користење

  • Секоја карта овозмозува еден и единствен влез во салата, без можност за повторно влегување доколку ја напуштите. (освен за сезонските карти соодветно на периодот на важност на картата).
  • За време на настанот задолжително треба да ја имате картата.
  • Купената карта не може да биде вратена или заменета. Во случај да ја изгубите картата, истата не може да биде заменета со нова.
  • Со купувањето на картата се согласувате да ги почитувате во целост Прописите и Правилата важечки за салата.
  • Во случај да доцните на натпреварот, не сме во можност да ви го гарантираме бројот на седиштето.
  • Вашите лични работи ќе бидат прегледувани на влезот поради лична и колективна безбедност.
  • Забрането е внесување знамиња и трансаренти со недозволени содржини (националистички, расистички, нацистички и слични пораки и ознаки).
  • Забрането е внесување на пиротехнички средства, распрснувачки материи, оружје, алкохолни и безалкохолни пијалоци или друго што може да ја загрози сигурноста.
  • Пушењето во објектот е забрането со закон.
  • Било каков обид за фалсификување на картата е казниво со закон.
  • Со купувањето на картата се обврзувате дека ќе ги почитувате овие правила.
  • Влез во објектот може да биде одбиен на сите оние кои не се придржуваат на општите услови, а доколку дојде до прекршок на истите, лицата ќе бидат отстранети без право на надомест за купената карта.