Политика на приватност

Прибирање и обработка на лични податоци

Лични податоци се информациите кои ве карактеризираат вас, како на пример, вашето име, вашата адреса, било да е e-mail или поштенска. Kartieurofarm.mk не прибира податоци од вас, освен ако не е за конкретна намена, на пример, да купите влезница или да не контактирате.

Користење и чување на личните податоци

Kartieurofarm.mk ќе ги користи вашите лични податоци исклучиво за техничките потреби на е-продавницата, за да ви овозможи пристап до специфични информации, или за општа комуникација со вас.

Кои информации ги собираме?

За време на посетата на Kartieurofarm.mk, во целост ја почитуваме Вашата приватност. При посета на Kartieurofarm.mk ги обработуваме Вашите лични податоци (лични податоци за идентификација и контактни информации), само доколку доброволно ги дадете преку регистрирање на нашата интернет страница заради користење на нашите услуги, како што се регистрација на кориснички профил со цел за резервација, односно купување на влезница за натпреварите наведени на веб страната. Вашите лични податоци ќе бидат искористени за точна и навремена испорака на влезниците, за анализа и подобрување на нашиот веб сајт, како и за подобрување на понудата на влезници и други ваши барања во иднина. Kartieurofarm.mk нема да ги продаде ниту открие вашите лични податоци на трета страна, ниту било каде.

Cookies

Cookies се мали датотеки кои привремено се складираат на вашиот диск, овозможувајќи и на нашата е-продавница да го препознае вашиот компјутер следниот пат кога ќе ја посетите е-продавницата на Kartieurofarm.mk. Cookies се користат исклучиво за собирање на информации кои и се потребни на нашата е-продавница.

Прифаќање на условите

Со користење на оваа страница, корисникот се согласува со одредбите од оваа Политика за приватност. Доколку не се согласувате со Политиката, ве молиме не користете ја интернет страницата. Вашето континуирано користење на интернет страницата, а притоа следејќи ги промените на оваа Политика ќе се смета за ваше прифаќање на дадените промени.

Прибирањето на сите податоци од оваа интернет страна се во согласност со Законот за заштита на личните податоци (“ Службен весник на Република Македонија” бр.7/05 и 103/08).