Политика на испорака

Испорака на влезници

www.kartieurofarm.mk не врши достава на купени карти на домашна адреса. Секоја купена карта преку нашата онлајн продавница ќе Ви биде доставена на Вашата емаил адреса која ја внесувате при регистрацијата / купувањето на картата.

Сезонски карти: Сезонските карти купени онлајн преку нашата е-продавница потребно е да ги замените со пластифицирани на наведените продажни места. Откакто ќе купите сеознска карта онлајн, истата ќе Ви биде доставена на Вашата емаил адреса. Потребно е да ја испечатите и со приложување на истата ќе може да Ви биде заменета со пластифицирана карта.

Поединечни карти: Поединечните карти за секој од натпреварите не е задолжително да ги менувате. Со купувањето на поединечна карта истата потребно е само да ја испечатите и со нејзино приложување Ви се овозможува влез на натпреварот.