Како да купам

Чекор 1

Од главното мени изберете за која лига сакате да купите карта. Со кликнување на една од опциите ќе Ви се отвори нов дел од страната каде е потребно да изберете северна или јужна трибина. Со кликнување на една од трибините пристапувате кон делот за избор на седиште. Трибините се шематски поставени во вид на интерактивна мапа на која можете да го изберете и резервирате посакуваното слободно седиште.

(кликни за поголема верзија)

Чекор 2

По изборот на трибината пристапувате во делот на шематскиот приказ на трибината. Движете се низ трибината со стрелките од тастатурата или со маусот, а исто така користете ја и опцијата за зумирање за полесно да се ориентирате. Од лево Ви е прикажана легендата на седиштата. Со приближување на покажувачот на самото седиште ќе Ви се прикажат информации за картата, редот и бројот на седиштето. Кликнете на посакуваното седиште по што ќе Ви се отвори опцијата „Додади во кошничка“, а по додавањето кликнете на „Продолжи во кошничка„.

(кликни за поголема верзија)

(кликни за поголема верзија)

Чекор 3

Откако ќе пристапите во Вашата кошничка следен чекор е да кликнете на „Продолжете кон плаќање“. Доколку сте веќе регистриран корисник на kartieurofarm.mk кликнете на пораката за постоечки корисник за да се најавите и да го комплетирате процесот на плаќање. Во спротивно, продолжете со пополнување на полињата во формата „Детали за нарачка“ (процесот можете да го завршите и без креирање на кориснички профил).

(кликни за поголема верзија)

(кликни за поголема верзија)

Чекор 4

Последен чекор е да кликнете на „ПЛАТИ“ по што ќе бидете пренасочени кон системот за електронска наплата на „Халкбанка„ АД Скопје. Потребно е да ги внесете податоците од Вашата платежна VISA или MASTERCARD дебитна / кредитна картичка. По извршеното успешно плаќање системот ќе Ве пренасочи назад на kartieurofarm.mk со порака за успешно плаќање, односно резервација на картата. Резервираната карта може да ја преземете подолу со кликнување на ПРЕЗЕМИ, или пак, преку пораката испратена на Вашата емаил адреса.

(кликни за поголема верзија)

(кликни за поголема верзија)